![](pictures/03_05_2018_ITAL_AMB_1.jpg)
Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски денеска го прими амбасадорот на Италија во Р. Македонија, Н.Е. Карло Ромео.
Двете страни разговараа за можностите од остварување културна соработка, трговска размена меѓу Македонија и Италија, а беа разгледани и условите за влегување на италијански инвеститори во Македонија.
![](pictures/03_05_2018_ITAL_AMB_6.jpg)
На работната средба се стави акцент и на владината одлука од месец март годинава според која италијанскиот јазик станува втор задолжителен јазик за изучување во училиштата низ земјава. Беше подвлечено дека токму промовирањето на Италија и италијанската култура преку изучување на италијанскиот јазик е она на што се работело изминатиот период.
![](pictures/03_05_2018_ITAL_AMB_4.jpg)
На задоволство на двете страни беше истакнато дека реномираниот фестивал Охридско Лето и годинава ќе ја добива поддршката од италијанската амбасада.
![](pictures/03_05_2018_ITAL_AMB_2.jpg)
Градоначалникот Стојаноски истакна дека општина Охрид е отворена за секој вид соработка којашто е во насока на развој на градот и е за доброто на Охриѓани. На крајот на средбата беше заклучено дека Охрид како колевка на писменоста и културата мора да воспоставува поблиски врски и да гради пријателски односи со светски познати градови на културата од Италија.
![](pictures/03_05_2018_ITAL_AMB_3.jpg)
Во рамки на еднодневниот престој во Охрид, амбасадорот Ромео имаше состанок со директорите на основните и средни училишта од Охрид и со професорите по италијански јазик и одблизу се информира за состојбата во образовните институции и интересот кај учениците за изучување на италијанскиот јазик.
![](pictures/03_05_2018_ITAL_AMB_5.jpg)
|