Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПОЗНАТИ ДОБИТНИЦИТЕ НА НАГРАДИТЕ ЗА НАЈДОБРИ УЧЕНИЧКИ ПОЕТСКИ ТВОРБИ
Untitled Document

На ученичкиот литературен конкурс за најдобра поетска творба, распишан по повод 8-ми Декември – „ Св Климент Охридски“- Патрон на градот, жири комисијата  составена од професорите  Славе Ѓорѓо Димоски, Лилјана Ставреска и Ирена Бачиќ, ги соопшти добитниците на наградите.  

За прва категорија,  за ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение) , наградата ја добива творбата со шифра „ Елза“, за учениците од предметна настава ( од шесто до деветто одд.) наградата ја добива творбата со шифра „ 2602“ и  третата категорија за ученици во средно образование (од прва до четврта година), наградата ја добива творбата со  шифра „ Торжество“.

Добитниците на наградите најдоцна до 06.12. 2018 г (четврток) за да го докажат авторството, со четвртиот примерок треба да се пријават во Општина Охрид во Одделението за култура.

Наградите ќе бидат врачени на свеченоста што ќе се одржи на градскиот плоштад „ Св. Климент Охридски“ на 08.12.2018 година ( сабота ) , со почеток во 11 часот.

Прочитано:  303  пати
Објавено на: 04.12.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©