Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ВОЛЕРС: ОХРИД Е ЕДЕН ОД НАЈУБАВИТЕ ГРАДОВИ ВО СВЕТОВ
Untitled Document

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески  денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на САД во Република Македонија ,Пол Волерс.

 Почесниот гостин интересирајќи се за актуелните состојби и случувања  во Охрид, истакна дека  градов е  еден од најубавите  во светски рамки во кои престојувал  досега и дека повторно и  секогаш би се враќал тука. За него и неговото семејство убавата клима, езерото и културно- историските споменици секогаш го прават посебен Охрид  и токму затоа тоа е местото на кое ги повикувале  да престојуваат и своите пријатели.


Притоа  градоначалникот Бакрачески и амбасадорот Волерс   се сложија дека на Охрид му недостига по агресивна маркетиншка кампања , всушност она  за што  консултанти  од  Универзитетот од Пенсилванија му укажале  на градоначалникот Бакрачески , дека на Охрид не му недостига ништо освен поагресивна маркетиншка  кампања.
 Градоначалникот  Бакрачески го запозна амбасадорот Волерс   со бројот на холандските туристи кои  последниве години се враќаат на ривиерава а кои доаѓаат организирано со 5 до 9 чартер летови, како и тоа дека е зголемен бројот на туристи од Турција , но и од Полска и од земјите на Бенелукс.


Амбасадорот пројави интерес и околу финансиската кондиција на Општина Охрид и долговите кои генерално му беа познати  за што повеќе детали доби од градоначалникот  околу наследениот  долг, колку буџети треба да се вратат како и тоа дека дневната камата  по основ на  долгови е  околу 14 500 евра.
 Во делот на индустрискиот развој на Охрид  стана збор за  новата индустриска зона  кај “Мауцхер“ што  се гради со буџетски средства од Општина Охрид. Градоначалникот укажа и на     тоа дека Општината остварила  контакти со канадска компанија од сферата на компјутерската  индустрија  како и тоа дека во финална фаза е подготовката на документацијата околу нивната инвестиција.  
 Амбасадорот на заминување, Пол Волерс вети дека и понатака ќе биде чест гостин на Охрид. 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1314  пати
Објавено на: 18.08.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©