Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ВЕЧЕРВА СВЕЧЕНО ЌЕ БИДЕ ПУШТЕНО ВО УПОТРЕБА ПОВЕЌЕНАМЕНСКОТО ИГРАЛИШТЕ ВО НАСЕЛБАТА ЛЕСКАЈЦА
Untitled Document

Вечерва, со почеток во 21.00 часот, градоначалникот Никола Бакрачески ќе го стави во употреба повеќенаменското спортско игралиште кое се наоѓа во населбата Лескајца наспроти детската градинка. Игралиштето е опремено со детски реквизити, кош кој е поставен на површина која има заштитна гумена подлога и мини фонтана. Паркот кој е во рамки на игралиштето е хортикултурно опремен. Пристапните патеки кои водат до игралиштето се поплочени со бехатон плочки, а теренот е комплетно асфалтиран.  

Ова повеќенаменско спортско игралиште е дел од програмата на градоначалникот Никола Бакрачески, според која на овој потег беше планирана изградба на игралиште од ваков тип и истото е целосно финансирано од буџетот на општина Охрид.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1320  пати
Објавено на: 11.08.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©