Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ДЕЛЕГАЦИЈА НА ОПШТИНА ОХРИД ВО ПОСЕТА НА ВЕЛИКО ТРНОВО - БУГАРИЈА
Untitled Document

Делегација на општината Охрид  предводена од заменик градоначалникот Ангел Јанев и советниците Илјат Ибраим и Верица Хајба беа во посета на Велико Трново – Бугарија по повод  22 – ри март-  денот на овој бугарски  град.

Охридските гости беа дел   од чествувањата кои се организираа по повод празникот  а во име на градоначалникот Никола Бакрачески и Општина Охрид на  свечената седница на градскиот совет се обрати  заменик градоначалникот Ангел Јанев .

Охрид и Велико Трново се  градови со огромна историја зад себе,  длабока култура и големи  туристички и културни потенцијали кои пак  представуваат можност за уште поголема меѓусебна  соработка на сите полиња – истакна Јанев.

Заменик градоначалникот Јанев на свечената седница ја потенцираше и титулата „најдобар град за живеење во Република Бугарија“  за Велико Трново, нагласувајки дека, Охрид како град и Македонија како држава немаат воспоставено ваква титула, но дека  вистинската цел на локалнолто раководство воОхрид  е  токму тоа, градов да го претвори  во најдобро место за живеење во Македонија.

Во работниот дел, делегацијата на Охрид  оствари работни и протоколарни  средби со градоначалникот на Велико Трново, Даниел Панов, заменик претседателот  на Р. Бугарија Маргарита Попова и голем број на културни ,туристички, спортски и образовни  дејци.
Градоначалникот на Велико Трново, Панов ,  го покани   градоначалникот  Никола Бакрачески ,  да учествува на туристичкиот саем кој се одржува во месец април годинава  во овој бугарски град.

На сите овие средби  беше констатирано дека голем број на туристи од Бугарија  со големо задоволство го посетуваат градот Охрид и Македонија . Истакнато  беше  дека  двете земји   треба да ја зајакнат соработката во поглед на заедничките проекти особено во делот на културата кои ќе се финансираат со пари од Европската Унија.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1260  пати
Објавено на: 24.03.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©