Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
НЕПТУН ВО СОРАБОТКА СО ОПШТИНА ОХРИД ДОНИРАШЕ КЛИМА УРЕДИ ВО ГРАДИНКАТА И ОХРИДСКИТЕ УЧИЛИШТА
Untitled Document

Компанијата за бела техника Нептун во соработка со Општина Охрид  денес донира по еден  еколошки клима уред марка “Беко“ во Детската градинка “Јасна Ристеска“ и во охридските основни училишта: “Св. Климент Охридски“, “Христо Узунов“ и “Григор Прличев“.


“Во оваа прилика во име на градоначалникот Никола  Бакрачески и на локалната администрација се заблагодаруваме на компанијата Нептун  која  што од поодамна покажа интерес околу потребите на Општина Охрид и во комуникација со стручните служби на Локалната дојдовме до заеднички заклучок дека е  добро  нивната донација да биде наменета онаму каде што е нај потребно односно во установите каде се згрижени деца
“, изјави Секретарот на Општината Димитар Спасески кој присуствуваше на доделување на клима уредот во детската градинка “Јасна Ристеска“.     


“Вакви акции  Нептун во соработка со општините организира низ повеќе градови во Македонија , а ќе реализираме и наредниов период“, изјави раководителот на Нептун  во Охрид, Никола Крстаноски.

Секретарот Спасески, денес се заблагодари и на компанијата “Зора“ и минатогодишниот кум на Водици Стојан Ѓорески кои донираа односно  целосно опремија со ПВЦ дограма еден од објектите на детската градинка “Јасна Ристеска“.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1307  пати
Објавено на: 12.12.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©