Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СВЕЧЕНО ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА НОВИОТ ПЛОШТАД
Untitled Document

Во присуство на голем број граѓани, синоќа беше пуштен во употреба новиот плоштад во непосредна близина на ОМУ “Методи Патчев“. Свеченоста на настанот беше збогатена со настапот на Габриел Наумоски на виолина  и Џеврие Туле на пијано, ученици во ОМУ “Методи Патчев“, а школскиот хор од ОУ “Христо Узунов“ ги исполни композициите “Огниште“ и “Молитва за Охрид“.

Пред присутните граѓани се обрати градоначалникот Никола Бакрачески, кој пред насобраните граѓани истакна дека нивниот број инспирира, мотивира, но и обврзува да продолжиме да твориме во иднина и да се собираме на уште многу вакви свечени моменти.

Велат дека задоволството после добро завршената работа е само миг, по кој следува повторно работа за да се достигне новиот миг на задоволство. Континуитет на таквата поставеност е одлика на работата на локалната самоуправа, а резултат на таквата поставеност е овој прекрасен плоштад пред нас како придобивка за сите граѓани. Овој простор за повозрасните охриѓани беше познат како “Дуборезачка“, за помладите генерации, едноставно како “Кај минимаркет“, а оставам на вас, на денешната генерација и инвентивноста на граѓаните овој плоштад да го именуваат според нивно наоѓање – истакна во своето обраќање Бакрачески.

Плоштадот е на површина од 970м2 и идеално се вклопува во автентичниот градски стил на Охрид, со современи компоненти. Плоштадот го красат две фонтани и мал амфитеатар. Поголемата фонтана е оплеменета со мозаик наречен “Четири рајски реки“, дело на охридскиот уметник Никола Упевче. Вредноста на целиот проект изнесува 8.688.925 денари, а реализацијата во најголем дел е на охридските јавни препријатија.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1324  пати
Објавено на: 07.09.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©