Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СТАВЕНИ ВО УПОТРЕБА РЕКОНСТРУИРАНИТЕ ПРОСТОРИИ НА ДЕТСКАТА ГРАДИНКА „ЈАСНА РИСТЕСКА“
Untitled Document

Во рамки на чествувањата на Денот на ослободувањето на Охрид, денес, со пригодна свеченост приредена од најмладите, беа ставени во употреба реконструираните и реновираните простории во централниот објект на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“.

Реконструкцијата на просториите од детската градина е на општо задоволство на сите граѓани во Охрид, на општо задоволство на родителите кои што ги воспитуваа своите деца тука и на општо задоволство на вработените кои работат со децата во овој централен објект на детската градинка „Јасна Ристеска“. Објектот на детската градинка е изграден во далечната 1972 година и кој што до овој период не беа изведени поголеми реконструктивни зафати. Кровот беше изработен од алуминиумска конструкција која на многу места прокиснуваш, фасадата од гитер цигла, се работеше за енергетски неефикасен објект кој и бес тоа беше многу тешко да се загрее во текот на зимата па мораше да се користат некои дополнителни извори на греење за да се постигне некоја оптимална температура за просториите во кои што се воспитуваат децата и работат вработените. Значен дел во тоа имаше и застарената и дотраена дрвена столарија која што дваесетина години наназд не е реконструирана, а се разбира дека и санитарните јазли беа во катастрофална состојба и заслужуваа нивна реконструкција и обнова. За таа цел заедно со Југозападниот плански регион дефиниравме како приоритет за оваа година да биде токму реконструкцијата на оваа градинка како дел од програмата на Југозападниот плански регион за изградба на енергетски ефикасни објекти во југозападниот плански регион и сметам дека не погрешивме и го направивме најдобриот избор. За таа цел се издвоени 16,4 милиони денари од кои 3,5 милиони денари издвои општина Охрид, односно Локалната самоуправа, изјави градоначалникот Никола Бакрачески.

Реконструкцијата на објектот опфати, поставување на специјална термоизолациона фасада, санирање на кровната конструкција, замена на дотраената дрвена столарија и поставување на нови ПВЦ врати и прозори како и реконструкција и доопремување на санитарните јазли со што за прв пат во нив има топла вода.

За нас како приоритет за наредната година е изнаоѓање можности да ги завршиме сите подготвителни работи во делот на изработка на една проектна документација и да ги запазиме роковите за апликацирање во Југозападниот плански регион повторно во истата програма, а тоа е програмата за изградба на енергетски ефикасни објекти и се надевам дека во наредната година ќе имам можност да реконструираме уште еден објект, воспино образовен, односно еден од објектите на детската градинка „Јасна Ристеска“, претпоставувам дека тоа ќе биде „Развигорче“, меѓутоа се надевам дека во наредната година ќе излеземе со подетални информации и ќе успееме уште еден ваков проект на општо задоволство на охриѓани да го реализираме, рече градоначалникот Бакрачески.

Со реконтрукцијата на објектот на детската градинка значително се подобрија условите за престој на децата, но и условите за работа на  вработените, значително се подобри енергетската ефикасност, односно се намалија трошоците за одржување, а дополнително значително се намали и емисијата на штетни гасови. 

Ми претставува особена чест и задоволство, што денес заедно со градоначалникот имавме можност да бидеме дел од оваа церемонија од завршувањето на реконструкцијата на објектот „Јасна Ристеска“. Во оваа прилика сакам да нагласам дека средствата за реконструкцијата беа одделени од страна на Владата на Република Македонија, од националниот буџет преку програмите за рамномерен национален развој на министерството за локална самоуправа и бирото за регионален развој. Ја користам оваа прилика да изрзам јавна благодарност до градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и општина Охрид за одличната соработка што ја имаме и за поддршката што ја дава на Центарот за развој на југозападниот плански регион и се надевам како што кажа градоначалникот и наредната година да реализираме ваков успешен проект на објект сличен на овој и ќе ги подобриме условите за престој и работа во одредени установи, изјави претставникот од Центарот за развој на југозападниот плански регион, Мирјана Лозаноска.

На крајот од манифестацијата, директорката на детската градинка, Роза Костеска, од име на најмладите им додели благодарници на сите оние кои дадоа придонес во реализацијата на овој проект.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1400  пати
Објавено на: 07.11.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©