Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
БУДНО СЕ СЛЕДИ СОСТОЈБАТА СО НИВОТО НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО
Untitled Document

Состојбата со нивото на Охридското Езеро будно се следи и се преземаат потребните мерки во случај да продолжат ваквите временски прилики.Ова заеднички беше заклучено на денешната средба на градоначалникот Јован Стојаноски и директорот на АД ЕЛЕМ Драги Миноски.

-Континуирано ја следиме состојбата со нивото на Охридското Езеро  и сме во постојан контакт со  АД ЕЛЕМ, кој го контролира испуштањето на водата во Дрим. Исто така ја следиме состојбата на реките и каналите кои се влеваат во езерото.За жал, поради неараспишана тендерска постапка во минатата година, коритата на реките и каналите не беа исчистени, но ние исчистивме делови на најкритичните места, а целосно чистење ќе направиме по смирување на водотеците- рече градоначалникот Јован Стојаноски.

Директорот на АД ЕЛЕМ Драги Миноски рече дека поради брзото топење на снегот, интензивните врнежи дожд и високите температури, нивните екипи се постојано на терен и го следат брзиот раст на нивото на Охридското Езеро.

Работиме максимално за да го оптимизираме нашето производство со оглед на фактот дека и нашите електрани во изминативе два  месеци работат на максимално ниво. Ја употребуваме водата и правиме напори за да ја задржиме, но притоа да не направиме штета на Охрид и  Струга,  а исто така да не направиме штета ни по течението на реката Дрим“ – рече Миноски. Тој објасни дека се контактира и со надлежните органи во соседна Албанија, се со цел да се контролира ситуацијата низ целиот Дримски басен.

Прочитано:  1418  пати
Објавено на: 15.03.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©