Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЗАПОЧНУВА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО КОШАРКА ЗА ЖЕНИ
Untitled Document

Од утре во спортската сала „Билјанини Извори“ започнува Европското првенство девизија Б до 16 години кошарка жени. На првенството учество ќе земат 20 селекции кои ќе бидат поделени во четири групи од кои две групи „А“ и „Б“ ќе се играат во спортската сала „Билјанини Извори“ додека групите „Ц“ и „Д“ ќе се играат во спортската сала „Тими“ во Струга.

Во правата фаза, која е предвидена да трае од 13-ти до 17-ти август, репрезентациите ќе ја одиграат првата рунда од шампионатот. По завршувањето на првата фаза ќе бидат формирани пет нови групи. Во групите „Е“ и „Ф“ ќе играат двете најдобри селекции од секоја група, а групите „Г“ и „Х“ ќе бидат составени од трето и четврто пласираните селекции од првата рунда, додека во групата „И“ ќе играат последно пласираните.
Во втората фаза ќе се играат по четири натпревари во двата града со почеток од 14:15 часот, па во 16:30, 18:45 и 21:00 часот.

Трите најдобри селекции на ЕП во Охрид, обезбедуваат пласман во елитната А дивизија.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1313  пати
Објавено на: 12.08.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©