Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПОБЛИСКА СОРАБОТКА МЕЃУ ОХРИД И ЗРЕЊАНИН
Untitled Document

Делегација на општина Зрењанин, предводена од одборникот Роберт Сабо, денеска ја посети општина Охрид, при што се сретна со заменик- градоначалникот Ангел Јанев.


На средбата, заеднички беше констатирано дека покрај воспоставената соработка со општина Вевчани за заедничко чествување на Михајло Пупин, има и простор за поблиска соработка со општина Охрид.Постојат реални услови за соработка  во областа на туризмот,спортот, културата и образвованието, особено по пат на партнерски односи во користењето на претпристапните фондови на Европската унија.


Посебно беше акцентирана можноста за соработка во образованието на талентираните ученици и отворање на специјални регионални центри наменети за нивна континуирана едукација.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1305  пати
Објавено на: 30.06.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©