Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
КАТАРЦИ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ДА ИНВЕСТИРААТ ВО ОХРИД
Untitled Document

 Бизнис делегација од Катар од областа на градежништвото доцна попладнево беше во официјална работна посета на Општина Охрид.

 Катарските гости предводени од претседателот на градежната компанија “Рамко“,г. Анвар Ал Кавасми и регионалниот менаџер Кхалдун Езудин,  ги примија заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев, претставници од Секторот за туризам и локален  економски развој и од Секторот за урбанизам при Општина Охрид.
На работната средба гостите  добија податоци за Охрид по што  пред нив беа презентирани и неколку локации погодни  за изградба на хотелски капацитети . Гостите  беа информирани и за проектот   што се однесува на скијачкиот центар  а кој  се планира да се гради на  планината Галичица.

 Инаку, компанијата  “Рамко“ е една од водечките компании во Катар, односно холдинг кој има 32 компании во земјата и во странство со промет од над 800 милиони долари.
Компанијата  особено е заинтересирана  за инвестирање во хотели со пет ѕвезди.
Со претставници од Секторот за  туризам и локален економски развој , гостите од Катар  ќе ги разгледаат понудените локации  во Охрид погодни за изградба на хотелски капацитети.  

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1313  пати
Објавено на: 22.08.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©