Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СЕ ПОСТАВУВААТ НОВИ СВЕТЛЕЧКИ СООБРАЌАЈНИ ЗНАЦИ
Untitled Document

Во рамки на годишната програма за работа на Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици  при општина Охрид ,оперативни екипи на ЈП Нискоградба,  денес продолжија со поставување на светлечки сообраќајни знаци.

Во текот на денешниот ден поставени се светлечки сообраќајни знаци за забавување  на брзина на моторните возила долж булеварот “Туристичка“,и тоа на пресекот со улицата “Даме Груев“ во близина на ОУ “Григор Прличев“,и на пресекот со улица “Јане Сандански“ во близина на  автобуската постојка.

Од Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици велат  дека оваа практика на поставување  на ваквите светчлечки сообраќајни знаци ќе продолжи и во следниот период и тоа на места и локации коишто од стручните лица се детектирани како критични точки по безбедноста на пешаците и останатите учесници во сообраќајот.

Со поставување на овие  знаци,  се очекува значително да се зголеми  безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1314  пати
Објавено на: 10.12.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©