Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
28.ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО
Untitled Document
Highslide JS
Поетска ноќ во Велестово 2016

Дваесет и осмото издание на  Поетската ноќ во Велестово, што  ќе се одржи на 15,16 и 18 јули, воведува нови содржини како што е претставување на една светска национална поезија. Годинава на 16 јули ќе биде презентирана современата ирска поезија со настап на четворица поети, а ќе биде промовирана и Антологија на ирската поезија во која се   претставени 11 поети.
Поетската ноќ во Велестово, која е поддржана од Општина Охрид, ќе  започне на 15 јули со портрет на поетот Санде Стојчевски. За неговото творештво ќе беседи Зоран Анчевски, стихови ќе читаат актери од НАТГ Аматер,а музиката е на Петар Кочовски. Во тремот на црквата Успение на Св.Богородица во Велестово ќе биде отворена изложба на Стефан Хаџи Николов.
На 16 јули ќе се одржи Вечер на ирската поезија на која ќе настапат поетите Патрик Котер, Џери Марфи, Били Рамзел и Алва Ни Гиарвуи, а ќе биде промовирана и антологијата на ирската поезија. Манифестацијата, завршува на 18 јули со Поетско пладне во библиотеката „ Григор Прличев“ на кое стихови ќе говорат ирски и македонски поети.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1346  пати
Објавено на: 13.07.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©