Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ДОДЕЛЕНИ СЕРТИФИКАТИ ЗА УСПЕШНО ЗАВРШЕНИ БЕСПЛАТНИ ОБУКИ
Untitled Document

Во рамките на одбележувањето на патрониот празник на Отворениот граѓански универзитет „Кузман Шапкарев“ , денеска  на 15лица им беа  доделени сертификати за успешно завршената бесплатна обука за заварувачи,фини подесувачи на машини и шивачи. Тоа е проект на општина Охрид, со кој на активен начин се подобрува конкурентноста на активните баратели на работа на пазарот на трудот.Сертификатите ги додели претседателката на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска.

-Со цел стимулирање на социјалната интеграција на невработените и подобрување на нивните квалификации за идно вработување, општина Охрид, согласно годишната програма на Одделението за локален економски развој за 2015 година, во која беа предвидени „ Активни мерки за подобрување на конкурентноста на пазарот на труд“ распиша конкурс за спроведување на бесплатни курсеви за 20 невработени  лица од следниве стручни профили: заварувачи, готвачи, шивачи и машинисти-фини подесувачи на машини. Со курсевите беа опфатени по 5 лица од секоја од наведените стручни профили. Право на пријавување за овие курсеви имаа лица кои се евидентирани како невработени лица во Агенцијата за вработување кои активно бараат работа- рече претседателката на Советот на Општина Охрид, Гордана Коњановска. 

Обуките за кроење и шиење, за  заварувачи и за фини подесувачи на машини се реализираа кон крајот на 2015 година. Обуките беа спроведувани од страна на Општинската јавна установа – Отворениот граѓански универзитет за доживотно учење „ Кузман Шапкарев“. Целта на спроведувањето на обуките, како што рече Славица Ристеска, директорка на Отворениот граѓански универзитет,  беше подобрување на профилот на работниот кадар, зголемување на искуството и професионалните вештини, како и полесна вработливост на граѓаните.

-Изборот на стручните профили беше направен врз база на претходно спроведена анализа за побаруваните занимања во поглед на различните образовни профили и степенот на образование (вклучувајќи високообразован, технички, занаетчиски кадар и слично). Анализата беше спроведена со цел да се добијат релевантни податоци за обемот на побарувачка на работна сила, како и профилот на занимања кои се бараат во Охрид- истакна  Ѓоко Апостолов , раководител на Секторот за туризам и локален економски развој.Тој објасни дека при крај е и обуката за петмина готвачи која се изведува во Факултетот за туризам и угостителство и најави дека вакви обуки се предвидени и за 2016 година.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1342  пати
Објавено на: 01.02.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©