Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГЕРМАНСКА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ОХРИД
Untitled Document

Градоначалникот Јован Стојаноски, денеска имаше средба со делегација од градовите Тутлинген и Меринген од германската покраина Баденвитенберг, предводена од  Клингештајн  Хервиг градоначалник на Меринген.На средбата гостите најмногу се интересираа за заштитата на Охрид, како светско природно и културно наследство, на што градоначалникот Стојаноски објасни дека локалната и централната власт деновиве ги интензивираат активностите за решавање на забелешките на УНЕСКО, а паралелно се работи на стратегија за одржлив развој на целиот регион. Заеднички беше констатирано дека ваквите средби треба да се интензивираат бидејќи има отворени можности за поблиска соработка во   туризмот, културата и бизнис секторот.

Прочитано:  1445  пати
Објавено на: 23.05.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©