Градоначалникот Никола Бакрачески учествува на годинашната Дунавска конференција за водите, што денеска и утре се одржува во Виена, Австрија.На конференцијата, на која има 160 учесници од 15 земји се разговара за одржлив развој на Дунавскиот басен и за обврските за хармонизирање на домашните законодавства на земјите кандидатки со европските стандарди предвидени во основниот документ за заштита на водите, Europian acquis comunauture.
![](http://ohrid.gov.mk/pictures/Dunavska_konferencija_20164852.jpg)
Посебен акцент, на конференцијата ќе биде ставен на прашањето како владите и невладините организации на национално и локално ниво можат да го зајакнат процесот на придружување и членство во Европската унија.
Конференцијта ја организираат Дунавската програма за вода ( IAWD), Светска банка и Отворениот Регионалн Фонд за Југоисточна Европа "GIZ", а е спонзорирана од владите на Австрија, Германија и Швајцарија.
![](http://ohrid.gov.mk/pictures/Dunavska_konferencija_20164851.jpg) Извор: www.ohrid.gov.mk |