Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЗАВРШИ 27.ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО
Untitled Document

Годинешното даесет и седмо издание на  манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово заврши со  промоција на зборникот песни „Меѓу две неба, песни за Велестово“ во кој се поместени педесетина песни посветени на Велестово од автори ширум светот. На промоцијата гостуваа поети од Црна Гора и Бугарија. 

Оваа автентична манифестација што започна во петокот, а е поддржана од општина Охрид, беше  посветена на делото на македонскиот поет, прозаист и критичар Веле Смилески, а беше отворена и ликовна изложба на  Литов Намдагјанчивин од Монголија. Дводневната манифестација за отворена ја прогласи заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев.

 - Несомнено дека оваа дводневна церемонија е од огромно значење затоа што преку  поезијата и ликовните изложби кои се одржуваат во нејзини рамки , ние ја покажуваме свеста за својата традиција и грижата за нејзино зачувување, осветлување и афирмирање. Воедно со оваа манифестација селото Велестово скоро три децении е културен центар на бројни поети и уметници од цел Свет. Оваа средба слична на прославите на книжевните великани во Европа е убав повод да се навратиме на делата  на врвните претставници  на македонската поетска реч, рече Јанев.

Пригодни беседи за поезијата на Смилевски одржаа Раде Силјан и Санде Стојчевски, а стихови читаа членовите на НАТГ Аматер од Охрид.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1331  пати
Објавено на: 17.08.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©