Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ВО ЧЕСТ НА СВ.КЛИМЕНТ СВЕЖО ЦВЕЌЕ ПРЕД НЕГОВИОТ СПОМЕНИК
Untitled Document

По повод Денот на Свети Климент Охридски, Патронот на градот, делегација на општина Охрид предводена од претседателот на Советот, Гордана Коњаноска, положи свежо цвеќе пред споменикот на заштитникот на градскиот плоштад.

Пред споменикот на Св. Климент Охридски се поклонија и делегации на основното и средното општинско училиште кое го носат името на Патронот на градот како и политичките партии.

Во чест на Св.Климент Охридски претходно беше одржан Меѓународен фестивал на духовна музика„Тебе поем-Св.Клименте“, во организација на Младинскиот културен центар и Европската асоцијација на фестивали, а со финансиска поддршка на општина Охрид. Исто така во Центарот за култура „Григор Прличев“, во рамките на годинешното 54-то издание на фестивалот „Охридско лето“ со поддршка на општина Охрид, во очи празникот, беше прикажана македонската премиера „Апостоли на словените – двајца браќа една животна мисија“ .

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1314  пати
Објавено на: 09.08.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©