Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПЕШТАНИ ЌЕ ДОБИЕ ШЕТАЛИШТЕ ПОКРАЈ ЕЗЕРО
Untitled Document

Раководителот на секторот за подршка на градоначалникот, Зоран Рафтоски денеска беше во обиколка на градежните активности кои се одвиваат во Пештани. Досега речиси целосно е завршено покривањето со бехатон плочки на неколку улички, а потпорниот ѕид кој се гради покрај езерото на потегот од рибниот ресторан до поранешната зграда на полициската станица е во завршна фаза. Со завршувањето на изградбата на потпорниот ѕид , овај простор ќе прерасне во шеталиште кое ќе биде и хортикултурно уредено.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1317  пати
Објавено на: 22.04.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©