Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ТУРИСТИЧКИ РАБОТНИЦИ ОД ЈАПОНИЈА ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ОХРИД
Untitled Document

Градоначалникот , Јован Стојаноски заедно со  раководителот на Секторот за туризам и локален економски развој , Ѓоко Апостолоски денес  прими  делегација од Јапонија предводена од Заменик директорот  на Асоцијацијата на туристички агенции Акихико Косагаи и претставници на меѓународни воздушни превозници.

Гостите го информираа градоначалникот дека во Македонија престојуваат седум, а во Охрид се два дена со цел да ги запознаа туристичките потенцијали на земјава особено на Охрид како главна туристичка дестинација. Тие потенцираа дека не сакаат Охрид и Македонија да ги стават во кружните балкански тури туку пред својот народ да ја промовираат земјава како примарна туристичка дестинација во која би престојувале 5 до 7 дена.

Средбата беше искористена како можност Охрид да добие покана да учествува на меѓународниот саем за туризам што ќе се одржи во Токио во месец септември, годинава. Со тоа би се подобрила конекцијата меѓу Македонија и Јапонија на туристички план.

На средбата беше најавена уште една посета на туристички работници и медиуми од Јапонија.

Јапонските гости во Охрид доаѓаат во организација на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот од Македонија.

Прочитано:  1479  пати
Објавено на: 18.05.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©