Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
МЕЃУНАРОДЕН КОШАРКАРСКИ ТУРНИР ЗА ЈУНИОРИ
Untitled Document

Екипата на Игокеа, триумфираше на премиерното издание на Меѓународниот кошаркарски турнир за јуниори кој викендов го организираше кошаркарскиот клуб АВ Охрид 2016, во спортската арена „Билјанини Извори“. Второто место го освоија јуниорите на Партизан од Белград, третото место и припадна на Слобода од Тузла, а четвртото на домаќинот АВ Охрид.На турнирот учествуваа и екипите на Работнички и МЗТ од Скопје и Црвена Звезда од Белград.

ЈП Билјанини Извори, во соработка со Општина Охрид и КК АВ Охрид, уште еднаш покажа дека го оправдува приматот на најдобар домаќин на големи спортски настани, со високо ниво на организација За престојниот летен период се најавуваат уште  наколку вакви  настани.

Спортскиот туризам е една од главните гранки на туризмот , па затоа во иднина ова претпријатие, во тој поглед ќе се труди да придонесе во развој и промоција на Охрид, на спортски план преку организирање на големи спортски настани, соопштуваат од ЈП „Билјанини Извори“во Охрид.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1342  пати
Објавено на: 23.05.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©