Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЈП “БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ“ ДОМАЌИН НА МЕЃУНАРОДНИ СПОРТСКИ НАТПРЕВАРИ
Untitled Document

Со  двата натпревари Романија-  Грузија и Австрија- Македонија, вчера во Спортската сала “Билјанини извори“ во Охрид започна пријателскиот кошаркарски турнир – Трофеј на Македонија  на кој учество  ќе земат  екипите на Македонија, Романија, Грузија и Австрија.
 Вечерва во спортската  сала “Билјанини извори“ силите ќе ги одмерат:  Грузија- Австрија и Македонија- Романија, утре се натпреварите меѓу Романија – Австрија и Македонија – Грузија.


 Инаку ,Кошаркарска Репрезентацијата на Македонија – сениори  од 10 во спортската сала  се припрема  за натпреварите а  мини – припреми реализираат и останатите екипи кои се дел од кошаркарскиот турнир.
 


-         Менаџментот  на претпријатието покрај одржувањето на своите основни средства и ресурси , оваа година постави една стабилна врска со Националните федерации во кошарка и ракомет, што како доказ се одржувањето  на двете најголеми натпреварувања  во Македонија, Купот во кошарка и ракомет -категорија сениори.
Бевме домаќини на многу спортски натпревари, во сите спортови, ја      организиравме Гимназијата, а во овој период сме домаќини на Трофеј на Македонија- турнир во кошарка мажи, на кој  учествуваат репрезентациите на Македонија, Австрија, Романија и Грузија.
По завршувањето  на овој турнир, продолжуваме со Светското првенство во ракомет за жени, се со цел, ова претпријатие да го донесеме на здрава основа, конечно Охрид да стане лидер во одржувањето на големите европски и светски првенства и да претставува синоним за сите големи клубови за летни и зимски припреми и натпревари,
рече директорот на ЈП “Билјанини извори“, Ристе Мишев.


 

Покрај на  Кошаркарската Репрезентација,   ЈП “Билјанини Извори“ е домаќин  и на Македонските  Ракометни Репрезентации, кои во летниот период беа присутни во Охрид во континуитет и тоа:
28.05-04.06 Сениорска Ракометна Репрезентација на Македонија - мажи
23.06-05.07 Младински Ракометни Репрезентации на Македонија, категорија мажи и жени
09.07-15.07 Кадетска Ракометна Репрезентација на Македонија , мажи.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1330  пати
Објавено на: 17.07.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©