Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СВЕЧЕНО ОДБЕЛЕЖАНА ГОДИШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО НА ЖИВКО ЧИНГО
Untitled Document

Со пригодна свеченост, вчера, во Велгошти беше одбележана 81-годишнината од раѓањето на македонскиот писател Живко Чинго.

Делегација на општина Охрид и почитувачи на ликот и делото на големиот Чинго, поред неговото спомен обележје положија цвеќе.

Во рамки на манифестацијата, на авторот од победничкиот расказ од годинешниот конкурс за најдобар кус расказ „Живко Чинго“, кој што традиционално го распишува општина Охрид, и беше врачена наградата. Вредносниот чек од 30 000 денари и го врачи заменик градоначалникот на општина Охрид Ангел Јанев. Авторот Емилија Карафилоска е родена во Охрид, а е студент на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици. Со пишување активно се занимава од свои дванаесет години, а има учествувано на повеќе конкурси и има освоено неколку први места.

Манифестацијата беше проследена со богата културно уметничка програма.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1365  пати
Објавено на: 14.08.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©