Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЗЕМЈЕНО ЛАРВИЦИДНО ЗАПРАШУВАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА ОХРИД
Untitled Document

Локалната самоуправа во соработка со ЈЗУ Центар за јавно здравје  во  петок,  (15.04.2016 година)  ќе   врши  терестичко ларвицидно запрашување против комарци .


Запрашувањето ќе се одвива на следните локации:  Студенчишко блато, месноста Далјан и потегот од автокампот Андон Дуков до Подмолје во периодот од 06-08 часот.


Поради запрашување против комарци, Локалната самоуправа ги известува пчеларите  на 15.04.2016 (петок) година,  да не ги пуштаат пчелите од кошниците, односно да ги преземат потребните мерки за нивна заштита.


Се известуваат граѓаните на Општина Охрид дека препаратот со кој ќе се изврши запрашувањето не е штетен за луѓето и животните, односно водата и почвата.
Доколку временските услови не го овозможат вршењето на дезинсекцијата, терестичното запрашување ќе се изврши во наредниот поволен период.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1335  пати
Објавено на: 13.04.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©