Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОТВОРЕНО 58. ИЗДАНИЕ НА „ОХРИДСКО ЛЕТО“
Untitled Document

Синоќа, на Античкиот театар, со настап на светски познатата оперска певица, Елена Мошук  и тенорот Калин Братеску, во придружба на оркестарот од Македонска филхармонија под диригентската палка на Николае Молдовенау, започна 58. издание на „Охридско лето“.

По 58 пат Охрид и Македонија ќе бидат домаќини на стотици уметници. Тие уметници со себе ќе го донесат светот, за потоа со себе во светот да го понесат Охрид како македонското огледало на европската култура – рече покровителот на фестивалот, претседателот Ѓорѓе Иванов прогласувајќи го за отворен.

Честа да ја испрати пораката од уметниците оваа година му припадна на актерот Никола Ристаноски, кој рече дека уметноста можеби нема да го спаси светот, но може да не поучи како да станеме благородни, благодарни и возвишени.

Присутните ги поздрави и министерот за култура Асан Адеми, истакнувајќи дека уметноста е универзален јазик на светот и дека само во јазикот на музиката се е искрено, чисто и божествено.

Покрај бројните љубители на класичната музика, на отворањето на фестивалот присуствуваа и голем број личности од јавниот живот, градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски, политичари, дипломати и други официјални гости.

„Охридско Лето“ и Охрид оваа година ќе бидат домаќини на повеќе од 800 уметници од 27 држави од целиот свет.

Прочитано:  460  пати
Објавено на: 13.07.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©