Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СЕКРЕТАРОТ ДИМИТАР СПАСЕСКИ НА ЗАЕДНИЧКИ РУЧЕК СО ЗДРУЖЕНИЕТО НА РОДИТЕЛИ НА ДЕЦА ЗАБОЛЕНИ ОД ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА
Untitled Document

По повод 3-ти декември, Светскиот ден на лица со посебни потреби, во ресторанот Белведере секретарот на општина Охрид Димитар Спасески, присуствуваше на заеднички ручек со децата заболени од церебрална парализа и нивните родители.

  • Денес имам особено задоволство да присуствувам на заедничкиот ручек со нашите сограѓани од оваа категорија. Денешниот работен ручек практично беше вовед во нашите идни понатамошни контакти, заедно со нив се договоривме во рамки на Локалната самоуправа да организираме неколку работни состаноци кој што би придонеле за подобрување на условите во кои што тие живеет. Ние како Локална самоуправа од кога го превзедовме управувањето, апсолутно посветуваме внимание на овие наши сограѓани. Најпрво како нова наша мерка која ја донесовме и ја направивме Локалната самоуправа достапна за сите граѓани. – изјави Димитар Спасески, секретар на општина Охрид

Секторот за туризам и локален економски развој и тимот за проекти заедно со Министерството за труд и социјална политика и УНДП, изготвија еден проект за подршка на дневниот центар „ЗРАЦИ“ за лица со посебни потреби кои што се таму згрижени. Во центарот  има вработено 5 стручни лица  кои се грижат за децата, така што со несмален интензитет и темпо се продолжува понатаму во подобрување на условите за живот на лицата од оваа категорија.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1255  пати
Објавено на: 03.12.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©