Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
КООРДИНАТИВЕН СОСТАНОК ЗА УСПЕШНА ТУРИСТИЧКА СЕЗОНА
Untitled Document

На денешниот координативен состанок, на кој присуствуваа претставници од општина Охрид, Управата за јавни приходи, Државниот  пазарен инспекторат, Секторот за внатрешни работи, ЈП „ Билјанини извори“ , претставници од туроператори и туристички агенции како и претставник од Здружението на туристички  водичи се расправаше за координирање на активностите во текот на туристичката сезона, по што беа усвоени  и заеднички заклучоци. 

Беше оценето дека безбедноста во Охрид е на беспрекорно ниво. Ова посебно беше потенцирано од претставниците на СВР Охрид кои нагласија дека вообичаено се превземаат сите мерки пред почетокот на туристичката сезона да се обезбеди сигурен и безбеден престој на гостите.
Локалната самоуправа, веќе започна активности со кои преку Министерството за надворешни работи, странските и македонските амбасади во светот, пошироката меѓународна јавност ќе добие вистински информации за реалната безбедноста ситуација која е на високо ниво.Со тоа превентивно ќе се делува против шпекулациите кои можат да влијаат на откажување на некои туристички аранжмани.

Во текот на туристичката сезона, како што стои во заклучоците, ќе бидат продолжени координираните оперативни активности на терен на надлежните институции со цел елиминарање и санкционирање на негативните појави детектирани од чинителите на туризмот во Охрид.
Учесниците на состанокот беа едногласни дека треба да се интензивираат активностите за навремено информирање на гостите во врска со законските одредби во делот на туризмот со цел да се избегне појавата на нелегални даватели на услуги во туризмот. Исто така, ќе бидат засилени сообраќајните контроли посебно во централното градско подрачје со цел да се намалат сообраќајните гужви во текот на летната туристичка сезона.
Вакви координативни тематски состаноци ќе се одржуваат и во иднина со останатите чинители во туризмот.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1323  пати
Објавено на: 14.05.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©