Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ФОРМИРАНА СТРУЧНА КОМИСИЈА ЗА НАГРАДАТА „ ПАТРОН НА ГРАДОТ- СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“
Untitled Document

Градоначалникот Д-р Јован Стојаноски, формира стручна комисија која треба да ги разгледа пристигнатите кандидатури, да изврши рангирање и да му достави предлог за доделување на наградата „ Патрон на градот- Св.Климент Охридски“.


Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.5/02) член 34 од Статутот на Општина Охрид (Сл.гласник на Општина Охрид бр.8/07 и 1/08) и член 17 од Одлуката на Советот на Општина Охрид за доделување на општински награди и признанија,  градоначалникот на Општина Охрид донесе:

                                                            Р Е Ш Е Н И Е
                                           за формирање Стручна  комисија

1. Се формира Стручна комисија во следниот состав:

    1. Живка Ангелоска  –  претседател
    2. Елеонора Куноска
    3. Д - р Павле Митрески
    4. Нина Момироска
    5. Славко Упевче
    6. Владо Жура
    7. Симон Илиески.

2. Согласно одредбите од член 17 од Одлуката на Советот на Општина Охрид за доделување на општински награди и признанија, Стручната комисијата има обврска да ги разгледа пристигнатите кандидатури, да изврши нивно  рангирање и да достави предлог до градоначалникот на Општина Охрид за доделување на наградата „Патрон на градот  - Св.Климент Охридски“.

3. Ова Решение стапува во сила со денот на донесувањето.

4. Примерок од ова Решение да се достави до членовите на Комисијата и архива.

Прочитано:  1448  пати
Објавено на: 23.11.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©