Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ОУ “ХРИСТО УЗУНОВ“
Untitled Document

Денеска градоначалникот Никола Бакрачески, го посети ОУ “Христо Узунов“, каде со директорот Тони Симоновски и дел од наставничкиот кадар, разговараше за актуелните проблеми и потреби на наставниците и професорите. Градоначалникот беше запознат со наследените проблеми, првенствено со долгот за нафта и струја на училиштето, но и со преземените и завршени проекти околу реконстукција на дел од просториите во училиштето. На средбата беше договорено најдоцна до крајот на идната седмица, до локалната самоуправа да се достават готови проекти, со кои ќе може да се аплицира до Светска Банка за реконструкција  на  прозорите и вратите и на дел од кровната конструкција, како и набавка на современи наставни помагала.

Градоначалникот истакна дека локалната самоуправа е подготвена целосно да ја поддржи иницијативата за формирање на локални спортски лиги во повеќе спортови, кои треба да започнат да функционираат со почетокот на школската година. Исто така, градоначалникот Бакрачески вети и логистичка и стручна помош за училиштето од страна на општината.
Училиштето “Христо Узунов“ е најголемо во Охрид, и во него настава посетуваат повеќе од 1300 ученици.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1264  пати
Објавено на: 07.06.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©