Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ТРЕТООДДЕЛЕНЦИТЕ ОД ОУ „БРАТСТВО – ЕДИНСТВО“ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНАТА
Untitled Document

Околу 100 ученици од трето одделение  од двата објекта на ОУ „Братство - Единство“ денеска беа во посета на општина Охрид.  Во улога на  советници  во големата општинска сала младите  охриѓанчиња  му поставуваа прашања на  градоначалникот д-р Јован Стојаноски кој им одговараше и ги запознаваше со начинот и функционирањето на локалната самоуправа.

 Третоодделенците  беа гости и  во кабинетот на градоначалникот, а потоа прошетаа и се информираа за работата на останатите служби во општината.

 Во двата објекта на  ОУ „Братство Единство“, централниот и во населбата „Лескајца“ ,наставата се одвива на три јазици македонски, турски и албански.

Прочитано:  1460  пати
Објавено на: 08.02.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©