Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЗАПОЧНА ЈУБИЛЕЈНАТА 30-ТА ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО
Untitled Document

Традиционално, пред селската чешма, вечерва свечено беше отворена јубилејната 30-та Поетска ноќ во Велестово, една од ретките културни манифестации во Република Македонија која ги спојува поетскиот збор и ликовната уметност.На почетокот на манифестацијата во името на покровителот, се обрати  членот на Советот на општина Охрид Сашо Ставрески.

-Ми причинува особено задоволство, во името на градоначалникот на  општина Охрид Јован Стојаноски, на организаторите и учесниците , да им го честитам јубилејот- 30 години Поетска ноќ во Велестово.Општина Охрид свесна за значењето на една од најстарите поетски манифестација во Република Македонија продолжува со поддршка  со цел Поетската ноќ во Велестово да се развива, да биде наш препознатлив знак и да слави уште многу јубилеи.

На ова јубилејно триесетто издание на Поетската манифестација ноќ  во Велестово,  има богата програма, со која ќе се потврди континуитетот и важноста на овој празник на поетската реч.Овде  во Велестово, на „чардакот меѓу двете неба“ ќе уживаме во уметноста и  ќе ги запаметиме  и пренесуваат универзалните  пораки на поезијата , сликарството и музиката.

Во Велестово и ова лето ќе се слави моќта на поетскиот збор и уметноста, зошто Велестово е наше,  но и планетарно поетско место.
Со својата автентичност и оригиналност „Поетската ноќ во Велестово“ се наметна како посебна форма на изразување почит кон убавиот поетски збор. Токму одовде , од овие височини  , сите заедно, вечерва посакуваме и  во иднина да  ја гледаме и почуствуваме  македонската духовна вертикала , која ќе се извишува до бесконечност.

Оваа вечер е посебна , зошто заедничкиго славиме    30- годишното постоење на „ Поетската ноќ во Велестово“. Искрено посакувам, секоја година да сме побројни, да се побројни учесниците и содржините на манифестацијата и заеднички да прославуваме уште многу годишнини на „ Поетската ноќ во Велестово“ – рече Ставрески.

На поетската ноќ во Велестово, беше претставена најновата македонска поезија со настап на поетите Јовица Ивановски, Тихомир Јанчовски, Елизабета Баковска, Николина Андова Шопова, Ѓоко Здравески и Исток Улчар.Во тремот на црквата „Успение на Света Богородица“ беше отворена изложбата „15 години – Арт поинт гумно“ со дела на уметници од светот, а во музичкиот дел  настапи Горан Папаз.

Во рамки на манифестацијата, а во соработка со Фондација „Славко Јаневски“ ќе се претстави  романот „Одбројување“ од Фросина Пармаковска, добитник на наградата „Роман на годината“ за 2017 година. Настанот ќе се одржи  утре на 21 јули (сабота) во просториите на МАНУ (куќа „Уранија“), во Охрид со почеток во 20 часот, а во 21 часот во кафе барот „ Шила“ ќе се одржи поетско читање „ Имам нешто да ти кажам“ .




Во рамки на јубилејот ќе биде издадена книгата „Гласови на новиот век – панорама на поновата македонска поезија“ и јубилејното гласило на манифестацијата,  а во подготовка е монографија „30 години Поетска ноќ во Велестово“ која ќе биде промовирана следниот месец.

Прочитано:  457  пати
Објавено на: 20.07.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©