Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ ВО ПОСЕТА НА ПРВОТО БЕБЕ РОДЕНО ВО НОВАТА БОЛНИЦА
Untitled Document

Утрово, Градоначалникот Бакрачески ја посети охриѓанката Марија Арнаудова, која вчера се породи на новото гинеколошко одделение при општата болница во Охрид, после повеќе од 2 и пол години неработење на овој оддел, заради изградба на новата болница. Во својата честитка, Градоначалникот Бакрачески на среќните родители и нивната принова им посака многу здравје, брзо опоравување и многу успех понатаму во животот. Притоа од името на општина Охрид им беа врачени пригодни подароци.

При средбата со медицинскиот персонал, порача дека во новите современи услови  за работа треба да го вложат својот максимум, за да ги оправдаат очекувањата на охриѓани за модерни здравствени услуги.

Условите за работа во новоизграденото болничко крило ги задоволуваат највисоките медицински стандарди за работа и се огромен придонес во концептот за создавање на софицистирана база за здравстени дејности, кои ќе пружаат услуги од најсовремен тип на целата популација од Охрид и регионот.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1231  пати
Објавено на: 30.04.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©