Охрид се гради, во секој негов дел. Градоначалникот Никола Бакрачески денеска беше во неколкучасовна обиколка и увид на градежни активности на неколку локации во градов каде интензивно се работи.
![](http://ohrid.gov.mk/pictures/Kromidista_asfaltiranje_240620164854.jpg)
Можам да го изразам своето задоволство од она што во моментов се работи. Се работи на многу места и во исто време се изведуваат голем број на проекти, нешто што навистина е нескромно да кажам дека е невидено во динамиката на развој на градот Охрид и според бројот на изведени проекти и активности коишто се одвиваат и според финансиската конструкција којашто е обезбедена за нив- оцени градоначалникот,Никола Бакрачески по направениот увид на терен.
![](http://ohrid.gov.mk/pictures/Kromidista_asfaltiranje_240620164851.jpg)
Увидот започна во с. Рача месност Кромидишта каде во тек е изградбата и реконструкцијата на локалниот пат во должина од 900 метри од кои веќе се асфалтирани 200 метри.
![](http://ohrid.gov.mk/pictures/Kromidista_asfaltiranje_240620164853.jpg)
Станува збор за доста стрмен и тешко пристапен пат за работа, но и покрај тоа работите течат во најдобар ред според роковите и очекувам за една недела целиот пат од Рача до Кромидишта да биде завршен комплетно, рече градоначалникот Бакрачески.
Проект е предвиден во годишната програма на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици за асфалтирање улици и патишта низ руралните средини и се реализира со средства од Агенцијата за поддршка на руралниот развој при Владата на Р. Македонија. Вредноста на инвестицијата е 2. 855.696 денари.
![](http://ohrid.gov.mk/pictures/Kromidista_asfaltiranje_240620164852.jpg)
Обиколката на градоначалникот Бакрачески продолжи на патеката од каналот Студенчишта до хотел Парк каде во тек се градежни активности за изградба на третата фаза од патеката. Увид беше направен и на работата на двете тениски и повеќенаменско игралиште , и затворениот пливачки базен при СРЦ„Билјанини Извори“, а се направи увид и на градежните активности кои се однесуваат на реконструкција и доградба на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид. Извор: www.ohrid.gov.mk |