Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЗАВРШИ ЕДИНАЕСЕТТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Untitled Document

Советот на општина Охрид, на денешната седница, даде согласност за утврдување, односно намалување, на висината на  надоместокот на дел од услугите што ги  вршат ЈП „Градски Гробишта“, ЈП „Охридски Комуналец “ ,  ЈП  „Нискоградба Охрид“ ,    користење на  спортските објекти  и паркинг простори  со кои стопанисува  ЈП „Билјанини Извори“ , за користење услуги на  автобус, сопственост на  ЈП „Билјанини Извори“ и РЕ „Водовод“ . Беа усвоени и  дополнувањето на  Извештајот за  пожарите настанати во 2013 година на подрачјето на  општина Охрид,а беше донесена и одлука  за одобрување на финансиски средства  за материјална поддршка на спортски клуб на подрачјето на општина Охрид за 2013 година. На седницата беа прифатени и извештаите за работењето на општинските јавни претпријатија за периодот од 1-ви  април до 30- ти јуни 2013 година.

Советниците не  ги прифатија  одлуките за  усвојување на  годишните  извештаи  за работата и извештаите за  материјално –финансиското  работење  за учебната 2012/2013 година , а ги прифатија годишните програми за работа во учебната 2013/2014 година во  ОУ  „ Св. Климент Охридски “ , ОУ „ Ванчо Николески  “  с. Лескоец,  ОУ „ Григор Прличев “ , ОУ  “ Живко Чинго“  с. Велгошти, ОМУ  „ Методи Патче “ ,на  ОУ  „ Братство - Единство “ , ОУ „Кочо Рацин“ на  ОУ  „ Св. Наум Охридски “  с. Пештани,  ОУ  „ Христо Узунов “ ,ОЕМУЦ  „  Св. Наум Охридски “ , ОСУ„ Св. Климент Охридски “  и  ОУТУ„  Ванчо Питошески “ . За основните училишта беше дадено мислење по програмите за изведување на училишни екскурзии и други слободни активности во учебната 2013/2014 година.

На седницата на Советот беше дадена согласност на Одлуката за измена и дополнување на Статутот на ЈП „Градски гробишта“ ,беше прифатена иницијативата за изменување и дополнување  на  Статутот на општина Охрид, за измени и дополнувања на одлуката за  организирање   на режимот на  сообраќај  на  дел од  територијата на општина Охрид,а беше утврдена локација за поставување  Параклис посветен на Св. Јован Крстител во с. Трпејца
Од областа на  урбаанизмот беа усвоени  измените и  дополнувањата на развојната програма   за изработка на урбанистички планови   за општина Охрид  за  периодот 2013-2015 година, одлукитеза донесување   Детален урбанистички план за УЗ 1,  урбан  блок 1.1 плански  опфат 1 централно градско подрачје , општина Охрид со плански период 2009 – 2014 година,  донесување   Детален урбанистички план за УЗ 12,  урбан  блок 12.1, општина Охрид,  плански период 2010 – 2015 година,  за донесување  Детален Урбанистички  план за  УЗ 5, дел од Урбан Блок 5.1   Опфат 1  Општина Охрид 2010- 2015 година, за донесување  Детален Урбанистички  план за  УЗ 4, дел од Урбан Блок 4.2  Опфат 1  Општина Охрид 2011- 2016 година, за  прифаќање на иницијативата за изработка на ДУП за плански   опфат во УЗ 15 дел од УБ 15.7 за  Кп.  1528/1,1528/2,1529/1,1529/2,1530,1531,1532,1533 и 1534 КО Охрид 4, за  прифаќање на иницијативата за изработка на ДУП за плански опфат во УЗ 13 дел од УБ 13.3 за делови од Кп.бр. 8891 и др. КО Охрид 2, за  прифаќање на иницијативата за изработка на ДУП за плански  опфат во УЗ 17 дел од УБ 17.4 за Кп.бр. 5609/9, 5609/10, 5613/1, 5613/2, 5613/3, 5613/4 КО Охрид 4, за  прифаќање на иницијативата за изработка на ДУП  за плански опфат во УЗ 9 дел од УБ 9.1 за  Кп.бр. 7690/1 КО Охрид 1, за  прифаќање на иницијативата за изработка на ДУП  за плански опфат во УЗ 15 дел од УБ 15.5 опфат 1 за Кп.бр. 8770, 8771/1, 8771/2, 8771/3, 8771/4, 8771/5, 8771/6, 8772/1, 8772/2, 8773, 8774 и други, за  прифаќање на иницијативата за изработка на ДУП во УЗ 3 дел од УБ 3.1 на Кп.бр. 14231 дел од Кп.бр. 14230 КО Охрид 3,  за  прифаќање на иницијативата за изработка на ДУП за градежна  парцела 1 во УЗ 4 дел од УБ 4.1 на Кп.бр. 13889/3  КО Охрид 3, за  прифаќање на иницијативата за изработка на ДУП за градежна парцела 1 во УЗ 10 дел од УБ 10.3 на Кп.бр. 9883/1, Кп.бр. 9883/2 и Кп.бр. 9883/3 КО Охрид 2, за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на трасата на сообраќајна инфраструктура на Кп.бр 7371   КО Охрид 1, за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на трасата на сообраќајна инфраструктура на Кп.бр 909/8 КO Оровник,  за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за изработка на урбанистички план за село Кп.бр 1300 КО Велестово, за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на трасата на сообраќајна инфраструктура на Кп.бр 2739/1  КО Велестово,за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на трасата на сообраќајна инфраструктура на Кп.бр 10229  КО Охрид 2, за утврдување потреба од донесување на урбанистичко- планска документација заради усогласување на намените на земјиштето на кое е изграден бесправен објект Кп.бр. 1059/28 КО Оровник, утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за изработка на урбанистички план за село Кп. бр 530   КО Велгошти, за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на трасата на сообраќајна инфраструктура на Кп.бр 3595/1 и 2 КО Охрид 4 , за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за изработка на урбанистички план за село Кп. Бр  1786  КО  Велгошти, за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на земјиштето предвидено со важечки ГУП , намена обработливо земјиште на Кп.бр.799/1 КО Лескоец и за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на земјиштето Кп.бр. 968/2 КО Лескоец.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1309  пати
Објавено на: 23.09.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©