Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ КОШАРКАРСКИ ТУРНИР “ОХРИД ТРОФЕЈ 2013”
Untitled Document

Денес во Спортската сала „Билјанини Извори„ се одржа прес конференција по повод Меѓународниот Кошаркарски турнир „Охрид Трофеј 2013„ кој е во организација на Ј.П.„Билјанини Извори„ а под покровителство на Локалната самоуправа.

На прес конференцијата се обратија претставници на КК.МЗТ – Скопје (Р.Македонија) и претставници на КК.Лукоил Академик – Софија (Р.Бугарија).
Сектретарот на Локалната самоуправа Димитар Спасески истакна дека на турнирот ќе учествуваат најеминентните екипи од Балканот и од име на Градот ги покани сите љубители на спортот да го посетат настанот.

В.д. Директорот на Ј.П. „Билјанини Извори„  истакна дека турнирот е продолжување на традицијата на Охрид која ја имаше до пред 3 децении, исто така додаде дека викендов во Охрид ќе се гледа врвна кошарка и дека овој настан е со тенденција да стане традиција.
Натпреварите започнуваат утре со почеток во 18,00 часот и 20,30 часот, а во сабота љубителите на спортот ќе ги проследат финалните натпревари во истите термини.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1233  пати
Објавено на: 19.09.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©