Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА РЕКОНСТРУИРАНАТА УЛИЦА „КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СТАРИОТ ДЕЛ НА ОХРИД
Untitled Document

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески денеска  официјално ја  пушти во употреба реконструираната улица „Кирил  и Методиј во стариот дел  на Охрид.
 Проектот е позитивен за жителите од овој дел на  градот  со оглед на тоа што ќе се движат и сообраќаат на уредена улица која воедно  ја подобрува и туристичката слика ако се земе во предвид дека старото градско јадро е најмногу посетувано од туристи во сите периоди од годината.  Реконструкцијата  на патот доаѓа  по средбите на градоначалникот  Бакрачески со жителите од стариот дел на Охрид   чие приоритетно барање беше уредување на улицата по што Локалната како одговорна Власт  одговори на барањата на охриѓани. 

-Асфалтирањето на  улицата „Кирил Методиј“, е  дел од годишната програма  на општина Охрид за асфалтирање улици во стариот дел на Охрид. Асфалтирани се  450 метри или со проектот опфатена е површина од 2 700 м2. Поставен е висококвалитетен асфалт со дебелина од 5  сантиметри и просечна ширина на патот од 5, 5 метри.  Улицата „Кирил и Методиј“ е една од најфреквентните улици во  стариот дел на Охрид  која што води од градскиот пазар кон Горна Порта  и на  реконструираниот дел претходно  воопшто не било интервенирано во изминативе 20 години. Изведувач на градежните активности е АД „Илинден “ а зафатот  вреден  2. 400. 000 денари е дел од проектот  за санација на потпорни ѕидови и асфалтирање улици во стариот дел на градот- истакна  Бакрачески.

Градоначалникот  очекува до почетокот на  годинешната летна туристичка сезона да биде завршена санацијата на сите потпорни ѕидови или улички кои се  оштетени  во стар град  за што пред еден месец беше објавен оглас а како најповолен изведувач беше избрана фирмата „Илинден“ од Струга.

-Во наредниов период ќе ги реконструираме, односно ќе извршиме  санација  на неколку улици во стариот дел на Охрид, а ќе ги  санираме и потпорните ѕидови. Се надеваме дека од овие зафати ќе бидат задоволни и охриѓани и туристите- рече Бакрачески и посочи дека и во изминатиов период општината континуирано работела на разубавување на старото градско јадро.

- Го уредивме просторот пред црквата Св. Софија  каде претходно се паркираа возила а истиот и хортикултурно го уредивме. Го   уредивме  и паркинг простор кај Долни Сарај . Во населбата Канео покрај санирање на потпорните ѕидови   реконструирани се и патеките кои од главниот пат  којшто е во непосредна близина на црквата Св. Јован-  Канео водат кон кафеаните и плажите „Канео“ и Потпеш. Ги саниравме и потпорните ѕидови на улица „Кузман Капидан“ кај црквата Св. Богородица Пандонос  и потпорниод ѕид од населбата Канео. Во рамки на новиот систем за јавно осветлување старите фенери ги заменивме со 461 автентичен фенер за стар град. Градското јадро е осветлено како никогаш до сега- потсети Бакрачески.
Претседателот на Урбана Заедница Стар град, Горан Патчев упати благодарност до градоначалникот и општината за реализација на овој битен проект од патната инфраструктура.

Сакам во име на жителите од Урбана Задница 1 да се заблагодарам на градоначалникот и локалната самоуправа за сите овие дејствија што ги вршат во овој дел од градот. Тоа е од големо значење не само за нас туку и за туристите кои доаѓаат во овој дел на Охрид а секако е битно и за промоција на културното наследство што го имаме во стариот дел- рече Патчев.

Локалната власт и наредниов период продолжува со реализација и промоција на проекти кои се битни за Охрид и охриѓани. 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1357  пати
Објавено на: 01.04.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©