Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ДОНАЦИЈА ЗА ДЕТСКАТА ГРАДИНКА “ЈАСНА РИСТЕСКА“
Untitled Document

Денес во детската градинака “Јасна Ристеска“, клонот “Билјана“, вршителот на должноста градоначалник Константин Георгиески, присуствуваше на предавањето на донацијата од ЈП “Билјанини Извори“ за дечињата кои престојуваат во овој објект. Во своето обраќање, Георгиески посочи дека образованието од школска и претшколска возраст, како стожер на едно здраво општество мора да биде во фокусот на секоја власт и радува фактот што сеуште постојат луѓе кои сакаат да помогнат на други.

- Ваквите донации во голема мера ќе бидат од корист на Детската градинка. Но, ние како одговорна Локална самоуправа не се потпираме само на донации. Затоа, слободно можам да кажам дека 2019 година ќе биде посветена на образованието и образовните институции. Во буџетот за оваа година се предвидени многу проекти во областа на образованието. Планирана е промена на кровна конструкција, односно замена на азбестниот кров со нов во ОУ „Христо Узунов“, „Братство Единство“ – Лескајца, „Св. Наум Охридски“ – Пештани и Елшани, планирана е и промена на надворешната столарија, односно врати и прозорци, промена на подови, санација на фасади и тавани, во повеќе основни и средни училишта. Во напредна фаза е соработката со „ТИКА“ фондацијата ко ја што треба да донира, односно да ја изгради новата училишна зграда на ОУ „Братство Единство“.
Со новиот буџет на општина Охрид, предвидени се градежни зафати и за Детската градинка. Планирана е промена на азбестниот кров во објектите „Росица“ и „Лихнида“, промена на електричната инсталација во објектите „Развигорче“ и „Централа“, додека во централниот објект на детската градинка предвидено е и реконструкција на кујната.
Покрај градежните зафати, имаме изработено и образовно - едукативни проекти, од кои за дел од нив е почната реализацијата, а дел ќе се реализираат во текот на целата година.
Свесни сме за состојбата во која се наоѓаат образовните институции во градот и затоа перманентно се залагаме за зголемување на инвестициите, без разлика дали ќе бидат од буџетот на општината или тоа ќе бидат донации како оваа денес.
Ви благодарам уште еднаш за донацијата и посакувам повторно за кратко време да се собереме вака за да одбележиме уште еден успешен проект -  истакна Георгиески.

Донацијата на ЈП “Билјанини Извори“ е во висина од 60 илјади денари, а во неа се содржани: ТВ приемник, ДВД, три теписони, детска литература со сликовници,  книги, боенки и звучни илустрирани книги. Во поголем број се застапени најразлични едукативни играчки и спортски реквизити. Акцијата беше поддржана од Топ маркетите, а за ЈП “Билјани Извори“ ова е втора донација за институциите во Охрид.

Прочитано:  206  пати
Објавено на: 18.01.19
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©