Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
РАБОТНА СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ СО МИНИСТРИТЕ САДУЛУ ДУРАКУ, РАМИЗ МЕРКО И ЗОРАН ШАПУРИЌ
Untitled Document

Градоначалникот Никола Бакрачески, денес имаше работна средба со  министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураку и министрите без ресор Рамиз Мерко и Зоран Шапуриќ. На средбата присуствуваше и градоначалникот на Струга, Мустафа Забзу. Градоначалникот беше информиран за ставот и закључоците на Владата на Република Македонија, за изнаоѓање на привремено решение за проблемот со депонијата во Струга, односно за можноста комуналниот смет од Струга, времено да биде одложуван во депонијата Буково.

Градоначалникот Бакрачески ги информира владините министри, дека било какво решение кое  нема да подложи на сериозен пристап и издржана студија, нема да го реши горливиот проблем на стружани. Во таа насока градоначалникот Бакрачески посочи дека треба паралелно да се решава и проблемот со депонијата на Мауцхер. За тоа,  најдобро е Владата веднаш да формира работна група, која ќе ги испита можностите за дислоцирање на сметот од Мауцхер, а  парелелно да се создадат услови на Буково за одложување на сметот и од Струга.

Соговорниците со согласија дека ваквото  решение е од времен карактер и се заложија да ги интензивираат активностите за изградба на Регионална депонија.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1381  пати
Објавено на: 14.06.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©