Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ВЕЧЕРВА СТАРТУВА РЕВИЈАТА НА ОЛДТАЈМЕРИ ВО ОХРИД
Untitled Document

Охрид , денеска и утре за  прв пат е домаќин на ревијална изложба на  олдтајмери насловена како   “Олдтајмер Ревија Охрид 2014“.  Манифестацијата стартува вечерва  во 18 часот  со излагање на дел од олдтајмерите на плоштадот “Чинар“   кои ќе бидат изложени до  22 часот.   Настанот продолжува утре  со  почетокот  во 11 часот   од пред Центарот за Култура  “Григор Прличев“. Од тука  од  14:30 часот  ќе биде ревијалното возење до месноста Св. Наум и до хотелот “Инекс Горица“. Доделувањето на  благодарниците   ќе биде  во 20 часот кај шеталиштето пред ЦК “Григор Прличев“  каде учесниците на настанот  ќе ги поздрави градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески. Случувањето завршува во 22: 00 часот.


Изложбата на 40 –те историски возила произведени до осумдесеттите години  ќе се одржи на три локации во градот, кај Чинарот, на шеталиштето и плоштадот Св. Климент Охридски.
На изложбата на која најстариот автомобил ќе биде од 1931 година, посетителите ќе имаат можност да ги запознаат и олдтајмерите на екипите од соседните земји.
Ревијата е од меѓународен карактер, а учество ќе земат екипи од Македонија, Бугарија и Србија.


Се очекува во иднина манифестацијата да  добие традиционален карактер, а ревијалното возење да прерасне во меѓународна трка на олдтајмери.  
Организатори на случувањето се  општина Охрид и АКК Примо авј од Скопје.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1314  пати
Објавено на: 15.08.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©