Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТРОШОЦИ ЗА КОМУНАЛНИ УСЛУГИ
Untitled Document

Општина Охрид ќе врши обезбедување на остварување на социјалната заштита на граѓаните од средствата на буџетот на Општина Охрид, во облик на спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓаните кои имаат најмалку 70% степен на инвалидитет или тешка болест за тековната 2015 година.   
Вкупниот износ на субвенција ќе изнесува 600,оо денари месечно, за секој корисник на субвенцијата и ќе биде составен од следните четири компоненти:

  • Покривање на трошоците за потрошена вода за пиење до 250 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата;
  • Покривање на трошоците за одведување на отпад до 150 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата;
  • Покривање на трошоците за одведување на отпадни и атмосферски води до 150 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата;
  • Покривање на трошоците за плаќање на гробна такса-гробарина до 50 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата.

Право да поднесат барање за субвенционирање на трошоците за комунални услуги од Буџетот на Општина Охрид, имаат лицата со статус на:

  • Лица кои имаат најмалку 70% степен на инвалидитет или тешка болест, односно нивниот брачен другар или друг член на семејството е со инвалидитет од најмалку 70% или има тешка болест.

( Како тешка болест во оваа категорија се подразбираат малигни или церебрално васкуларни заболувања и други тешки заболувања ).
Доколку се пријават повеќе од 100 лица, со статус на лица кои имаат најмалку 70% степен на инвалидитет или тешка болест, односно нивниот брачен другар или друг член на семејството е со инвалидитет од најмалку 70% или има тешка болест, во тој случај услов за оваа категорија на корисници ( по основ на инвалидитет или тешка болест ) е во 2014 година, заедно со брачниот другар да не остваруваат приходи поголеми од 105.600,оо денари.
           
            Подносителите на барањето за субвенционирање треба комулативно да ги исполнуваат следните критериуми:

  • Да се државјани на Република Македонија;
  • Да се жители на Општина Охрид;
  • Да се корисници на Услуги од: МЈП Проква или ЈП Охридски Комуналец или ЈП Нискоградба или ЈП Градски Гробишта;
  • Да се подносители на барање за субвенционирање на трошоци за комунални услуги.

Заинтересираните лица своите барања за субвенционирање можат да ги доставуваат во затворено плико, лично во архивата на Општина Охрид или по пошта на следната адреса:  Општина Охрид, ул. Димитар Влахов бр.57 Охрид, со назнака ( “ЈАВЕН ОГЛАС ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТРОШОЦИ ЗА КОМУНАЛНИ УСЛУГИ” ).
Јавниот оглас ќе биде објавен на веб страната на Општина Охрид www.ohrid.gov.mk и истиот ќе трае до 15.07.2015 година, а барањата за субвенционирање можат да се доставуваат за цело време додека трае огласот.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1364  пати
Објавено на: 29.06.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©