Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ ДЕПОНИИ ОД ГРАДЕЖЕН ШУТ ВО УЗ „ВИДОБИШТА“
Untitled Document

Продолжуваат акциите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ за почист и поубав град, каде покрај подигнување на степенот на хигиена, се имплементира и едукативниот карактер за подигнување на еколошката самосвест кај жителите во секоја урбана заедница на општина Охрид.


Денес Ј.П.„Охридски Комуналец„ започна акција за расчистување на дивите депонии од градежен шут во УЗ.„Видобишта„ ,  на потегот од „Стобекс„ до АД.„Жито Леб„ по должина на ул.„Ристо Чадо„. Со специјална механизација темелно се расчистуваат дивите мини-депонии , а потоа теренот се израмнува. Акцијата во оваа урбана зедница ќе се реализира и во наредните денови, а ќе бидат ангажирани и метачите од „Јавна хигиена„ за финално чистење на потегот.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1236  пати
Објавено на: 12.02.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©