Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПОЧНУВА МЕСЕЦОТ НА КОШАРКАТА
Untitled Document

Со кошаркарскиот натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и Израел, од утре во Охрид започнува месецот на кошарката. Предвидени се повеќе кошаркарски натпревари помеѓу македонската, израелската и украинската репрезентација кои ќе се одиграат во Спортската арена „Билјанини Извори“ почнувајќи од петок (07.08) до недела (09.08) со почеток во 20:15 часот. Влезот за еден натпревар ќе изнесува 100 денари.

Покрај кошаркарскиот турнир во овај месец предвидени се уште два настани за промоција и афирмација на спортски Охрид во светот на кошарката. Првиот настан е поврзан со промотивните активности на државата домаќин на претстојното сениорско европско првенство во кошарка – Полска, а вториот настан е дел од стратегијата за Европски спортски Охрид, а тоа е одржувањето на Европското првенство за кадети жени во кошарка Б дивизија.

ЈП „Билјанини Извори“ како долгогодишен партнер во спортот и кошарката, а имајќи го во предвид јавниот интерес на охриѓани, активно се вклучува во организација на сите предвидени настани во месецот на кошарката во Охрид.

Охриѓани, а и гостите кои присуствуваат ќе имаат исклучителна можност да уживаат во врвната кошарка.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1285  пати
Објавено на: 06.08.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©