Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОПШТИНА ОХРИД ПО ВТОР ПАТ ОРГАНИЗАТОР НА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА
Untitled Document

Во рамки  на програмата на градоначалникот Никола Бакрачески  и  во рамките на манифестацијата на Црвен Крст  „ ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“, општина Охрид, утре  по втор пат организира  крводарителска акција.Акцијата, што ќе се одвива во времето од 10 до 16 часот во Центарот за култура  “Григор Прличев“ има    цел да се даде позитивен пример на младите  за подигнување на хуманитарната свест.
Се настојува, проектот за организирање на доброволни крводарителски акции, предвиден во програмата на Градоначалникот Никола Бакрачески да стане   традиција и на тој начин да се интензивира соработката помеѓу Општина Охрид , Црвен Крст  и останатите институции и јавни претпријатија , во обезбедување доволен број единици крв.   
Инаку, во рамки на манифестацијата на ЦК  “ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“, предвидено е утре да се реализираат и други  активности меѓу кои:трка “Цицибан“ закажана за 11.30 часот во ЦК “Григор Прличев“ на која ќе учествуваат деца од претшколска возраст. Веднаш потоа на платото пред Центарот за Култура и на плоштадот “Св. Климент Охридски“ преку прикажување на занаетчиската работа ќе биде промовирано  Здружението на занаетчии од Охрид. Од пладне на локациите во близина на ЦК “Григор Прличев “ ќе се одржат неколку спортски случувања а манифестацијата ќе биде проследена и со многу културно- забавни содржини.  

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1316  пати
Објавено на: 03.10.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©