Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СЕ ПОСТАВУВА ФЕКАЛНА КАНАЛИЗАЦИЈА НА УЛИЦАТА „ПРВА МАКЕДНОСКА УДАРНА БРИГАДА“
Untitled Document

Јавното претпријатие „Нискоградба“, денес започна со поставување на фекална канализација на улицата „Прва македонска ударна бригада“. Претходно фекалиите од оваа улица се пренасочуваа кон споредните улици „Трајче Дојчиноски“ и „Александар Гушо“, па поради тоа доаѓаше до преоптоварување на канализацијата што резултираше со застои и излевање на фекалии.
 


По апелите од жителите кои живеат на овие улици, за решавање на проблемот, со ново предвидената фекална канализација, која е со профил ф300 и со должина од 150м и за која се предвидени шест ревизиони шахти, овај долгогодишен проблем ќе се надмине.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1275  пати
Објавено на: 21.10.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©