Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЗАПОЧНА ДВОДНЕВНИОТ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ ЗА МЛАДИ „ЏИФОНИ“
Untitled Document

Во рамки на младинскиот интернационален филмски фестивал „Џифони“, денес во амфитеатарот на УИНТ „Свети Апостол Павле“  во Охрид свечено беше отворен фестивалот.

Пред 135 средношколци од четирите средни училишта во Охрид, свое обраќање имаше градоначалникот Никола Бакрачески кој посочи дека локалната самоуправа во континуитет работи за промовирање на филмската уметност во градот

Локалната самоуправа континуирано дава поддршка на ваквите настани, а целта ние да го поттикнеме ширењето на културниот производ и ширењето на филмската култура во Охрид. По завршувањето на овај меѓународен филмски фестивал, се надевам дека кај дел од вас ќе се јави желба своето образование да го продолжат во светот на филмот. Сега тоа им е подостапно, откако Министерството за образование во соработка со престижниот прашки факултет за филмска уметност во Охрид го отворија Институтот за филмска уметност. Филмската индустрија е можеби единствената област каде што преку својата работа најлесно можеш да поттикнеш одредени промени во општеството, рече Бакрачески, кој изрази уверување дека голем дел од присутните учесници ќе бидат меѓу идните студенти на Институтот за филмска уметност, кои понатаму ќе бидат успешни во светот на филмот.

Директорката на „Џифони“ Македонија истакна дека  во своите 45 години постоење овај фестивал прераснал во еден од најголемите филмски фестивали за млади во светот.

Овој проект во првата фаза е замислено да ги вклучи поголемите градови во Македонија. Се работи за проект којшто го има во 45 години во едно мало гратче, на југот од Италија. Низ годините полека прерасна во еден од најголемите филмски фестивали за млади во светот. Така што, драги охриѓани, вие ќе имате чест да бидете од овој голем интернационелн проект, изјави директорот Величковска и додаде дека Македонија е дел од Џифони фестивалот од пред три години.

Во двата фестивалски денови предвидени се три работилници и дискусии по завршувањето на секоја проекција.
Инаку, Џифони“ фестивалот е единствен од овој вид, кој покрај проекциите на филмови, организира дискусии за филмовите и работилници на кои ќе се креираат кратки филмови. Гостувањето на фестивалот во Македонија е потпомогнато од Агенцијата за филм на Македонија и  „Џифони експириенс“ – матичниот фестивал од Италија.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1315  пати
Објавено на: 26.12.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©