Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ОХРИД НА МЕЃУНАРОДЕН КОНГРЕС ЗА ИНКЛУЗИЈА НА ДЕЦА
Untitled Document

Од 12 –ти до 14-ти септември во Цетиње, Република Црна Гора  се одржа Третиот меѓународен конгрес за инклузија на талентирани и надарени деца на кој  како претставник од Охрид присуствуваше директорката на  детската  градинка „Јасна Ристеска“ ,Розе Трајческа.  

Тема на конгресот беше инклузија на надарените и талентираните деца од предучилишна возраст во градинките и методи на откривање и работа со нив.
На конгресот предаваа еминентни професори и педагози од сите балкански земји  а покрај Костеска од Македонија учествуваа и  директорите од повеќе градинки од  градови низ државава и представник од Министерство за труд и социјална политика.

Наредната година Охрид ќе биде домаќин на овој конгрес а  организатор на случувањето е   Балканскиот  сојуз на здружение на воспитувачи -БАПТА .

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1314  пати
Објавено на: 18.09.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©