Градоначалникот , Никола Бакрачески вечерва во гинеколошкото оделение при ЈЗУ Општата Болница го посети првото родено дете во Охрид за 2015 –та година, Илија Прангоски што на Свет пристигна доцна попладнево.
![](http://ohrid.gov.mk/pictures/prvobebe20153.jpg)
Градоначалникот Бакрачески го дарува малиот Илија со 10. 000 денари и посака да биде здраво, среќно и бериќетно во животот што му претстои.
![](http://ohrid.gov.mk/pictures/prvobebe20152.jpg)
-Ова е првата среќна вест во Новава 2015-та Година која не израдува сите нас. Ако по првиот ден се познава каков ќе биде текот на целата година тогаш очекуваме таа да ни биде пред се здрава , весела и бериќетна. Би сакал рожбите годинава да бидат многу почести во однос на минатата година и да се множат повеќе деца. Упатувам честитки до родителите и посакувам новороденчето во текот на целиот живот да го прати добро здравје , да биде среќно и бериќетно и до година да диобие братче или сестриче, изјави градоначалникот Бакрачески.
Мајката Маја и новороденчето се во одлична здравствена состојба истакна д-р Ѓоко Танески.
- На нашето оделение денеска во 17 часот и 40 минути се роди првото дете во оваа година кое е машко и е здраво. Бебето е тешко 3 килограми и 600 грама и долго 51 сантиметар . Се роди по природен пат. Мајката и детето се чуствуваат добро, истакна Танески.
![](http://ohrid.gov.mk/pictures/prvobebe2015.jpg)
Општина Охрид од минатата година максимално се ангажира и го поддржува наталитетот во Охрид. Врз основа на доставениот список од ЈЗУ Општа Болница, а по претходно потпишаниот меморандум за соработка меѓу Општината и оваа здравствена установа Локалната во секој месец трансферира по 5 000 денари еднократна парична помош за новороденче кое се родило во Охрид. Од почетокот, односно од месец јануари 2014 до денес оваа парична помош е доделена на 385 мајки од Охрид, односно по овој основ општината исплатила 1 милион 925 илјади денари.
Извор: www.ohrid.gov.mk |