Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ ГИ ДОГОВОРИ ДЕТАЛИТЕ ЗА ГОЛЕМА ПРОЛЕТНА ПРОМОЦИЈА НА ОХРИД ВО ТЕЛ АВИВ
Untitled Document

Во текот на вчерашниот последен ден од посетата на Израел продолжија поединечните средби на преставниците на локалната самоуправа со менаџери на компании од областа на туризмот, спортот и високата технологија. Градоначалникот Бакрачески и раководителот на секторот за туризам се сретнаа со г-дин Шмуел Цурел, поранешниот Директор на Хотелската Асоцијација на Израел и Директор на маркетинг за странски држави при Министерството за Туризам на Израел, а сегашен Генерален Директор на S. ZUREL компанија за тиристички маркетинг, како и со г-дин Ангел Вајнштајн, поранешен Директор на Оделот за странски држави на авио компанијата ''Ел Ал'' ( El Al ) и Генерлен Менаџер на Воздухопловни услуги на Израел.


На средбата се разговараше за организација на престојната голема туристичка промоција на Охрид во Тел Авив која е планирано да се одржи во периодот пред почетокот на следната туристичка сезона во Охрид. Воедно се разговараше и за посета на Охрид од страна на најголемите израелски туроператори на кои ќе им се презентира туристичкиот потенцијал на охридскиот регион како и можностите за соработка со домашните туристички работници.



Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1336  пати
Објавено на: 23.10.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©