Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПРОДОЛЖЕН РОКОТ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА БЕСПЛАТНИТЕ ОБУКИ ОД ЕЛЕКТРО И МАШИНСКА СТРУКА
Untitled Document

Рокот на конкурсот за невработени лица за обуки од машинската и електро сфера е продолжен. Заинтересираните лица кои ги исполнуваат условите своите пријави можат да ги поднесат најдоцна до 10 јуни.

Минатата година Секторот за туризам и локален економски развој, во рамки на програмата за 2015 година веќе спроведе една серија на вакви обуки при што минатата година беа обучени 15 лица и тоа во три струки, заварувачи, машинисти и бравари, а оваа година веќе во тек е пријавувањето на сите заинтересирани лица кои што сакаат да ги искористат овие обуки кои што понатака ќе им користат во нивниот процес на вработување, истакна раководителот на Секторот ТЛЕР, Ѓоко Апостолов.

Обуките се спроведуваат во соработка со работничкиот универзитет „Кузман Шапкарев“, а профилите за обука се прават врз основа на претходно истражувања и анализа на побарувачката на работна сила на пазарот на трудот во Охрид. Во истражувањето беа опфатени 30 фирми од Охрид врз основа на кои е донесен заклучок дека најбарани се двете струки – електро и машински.

Повикот го пролонгираме до 10 јуни и апелирам до сите заинтересирани лица кои сакаат да извршат стручна преквалификација или доквалификација на своите знаења, да се јават на овај повик, да ги искористат сите бенефити кои се нудат со овие обуки. На крајот од обуките учесниците добиваат сертификати за завршен степен на ваков вид на обука кој што можат понатака да го искористат во своето професионално резиме при процесот на барање на работа, додаде Апостолов.

На работната средба која што вчера се одржа во Охрид организирана од регионалната Стопанска комора беше потенцирана потребата за ваков кадар кои во моментов се најбарани на пазарот на трудот.

И истражувањата на Стопанската комора направени во фирмите во Охрид ги издвоија овие две струки како најдефицитарни  во однос на луѓе кои што можат да се вработат и од нивна страна беше потенцирано сите невработени лица кои што можат да ги искористат и обуките кои што ги спроведува Локалната самоуправа и обуките кои што ги спроведуваат другите институции, се повеќе од добредојдени за сите оние кои што бараат работа. Така да комплетно се совпаѓаме со анализите, рече Апостолов и додаде дека во скоро време се очекува отворањето на новиот погон на „ОДВ Електрик“ како и започнувањето со работа на новата инвестиција на фабриката „Костал“.

После завршувањето на рокот за пријавување се формираат двете групи по што започнува процесот за обука.
По завршувањето на обуките како и во претходните така и сега, податоците на лицата кои што успешно ги завршиле обуките им се испраќаат до фирмите кои биле анкетирани, како тие лица би биле контактирани.


КОНКУРС за пријавување на кандидати за бесплатни курсеви за основни познавања од електро струка и основни познавања од машинска струка за невработени лица од Општина Охрид

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1370  пати
Објавено на: 01.06.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©